СТАНБЕНО-ДЕЛОВЕН ПРОСТОР
“ГП Пелистер” пристапи кон изведување на објект со имплементација на меѓународните стандарди за енергетска ефикасност, сертифицирани вградени производи и високи стандарди за квалитет ISO9001, за заштита на животната средина ISO14001,
функционалност и висок станбен конфорт и препознатлив квалитет крактеристичен за “ГП ПЕЛИСТЕР”.
На локација доволно далеку од градската бучава, во зеленилото и мирот на поранешната касарна а доволно блиску до градскиот крвоток ви нудиме елитен станбено-деловен простор од три ламели со посебни влезови. •Квалитетна, сигурна, асеизмичка, армирано-бетонска конструкција.
- •Топлинска, Звучна и Хидро изолација на целиот објект. *Бетонски столбови со дебелина 50/50см. Армирано-бетонски плочи со дебелина 15см.
- *ЅИДОВИ - преградни ѕидови: меѓу станови и заеднички простории гитер блок 25см, преградни ѕидови меѓу станбен простор блок 10см, меѓу кујни купатила гитер тула 12см, оџаци со полна тула 12см. Во делот каде се сместени лифтовите блок 10см и 5см стиропор. *ПОДОВИ -ходници изведени од гранитни плочки, бањи, кујни, WC-а и тераси обложени со керамички плочки. Станбени простории изведени од буков паркет.
- *ФАСАДА - блок тула од 16цм и заштитен термо слој на фасадата термо панели од пресован стиропор 10см + водонепропустен малтер.
- *СТОЛАРИЈА - надворешна во станбен дел – петкоморна PVC профил од германско потекло застаклена со термопан стакло, ролетна - PVC. Надворешни сигурносни врати БЛИНДООР обложени со медијапан + ПП заштита. Внатрешни врати - медијапански.
- *ПОКРИВ –пластифициран реброван лим.
- *ВЛЕЗОВИ - Видео надзор домофон, скалишно светло - автоматско палење (со сензор. *ЛИФТОВИ - по еден во секоја ламела
- *ПАРКИНГ - подземен простор со автоматска гаражна врата со далечинско управување.
- *Инсталација до секој стан за оптички интернет и кабловска ТВ.
- *Греење централно парно.