ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ, ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА п 5.2/1

Визијата и Мисијата на “ДГУ ПЕЛИСТЕР – БИТОЛА”, се постигнува со остварување на поставените цели за квалитет и цели и програми за заштита на животна средина и безбедност и здравје при работа и постојано подобрување на Системот за квалитет, животна средина и безбедност и здравје при работа со следење на следните постулати:

· Изведување на градежни објекти од нискоградба, високоградба и хидроградба, производство на бетон и производи од бетон, набавка, спремање и вградување на бетонско железо како и давање на услуги на градежна и рударска со градежна и рударска механизација, давање на услуги од квалификувана работна сила, во согласност со договорена документација, спецификација, рок, буџет, меѓународни стандарди и законските прописи од областа на дејноста на организацијата и од областа на заштита на животна средина и безбедност и здравје при работа.

· Давање на услуги за вршење надзор над изградба на објекти од А и Б категорија.

· Професионалност во партнерските односи со инвеститорите и добавувачите.

· Почитување на сегашните и прилагодување на идните законски регулативи, за управување на животната средина и безбедност и здравје при работа, со цел да го доведеме на минимум влијанието врз животната средина и влијанието врз безбедноста и здравјето на вработените.

· Идентификување, управување и контролирање на значајните аспекти и зголемените опасности и штетности кои имаат влијание на животната средина и безбедност и здравјето на вработените со цел нивно спречување или намалување.

· Развој на сопствена инфраструктура, опрема и кадри, примена на современа технологија и квалитетни материјали со целосна информациска подршка, со цел во потполност да се исполнат потребите и очекувањата на инвеститорите.

· Постојана едукација на персоналот и унапредување на индивидуалните способности, зајакнување на одговорноста на вработените, натпревар со конкуренцијата, развивање на партнерски односи и подигање на свеста на вработените за заштита на животната средина и безбедност и здравје при работа.

· Елиминирање и отстранување на опасностите со цел намалување на ризиците кои имаат влијание врз безбедноста и здравјето на вработените

· Вклучување на сите вработени во процесот на заштита на животната средина и безбедност и здравје при работа и процесот на подобрување и одржување на квалитетот.

· Доверба, од јавноста во квалитетот и безбедноста на Нашите изведби.

· Севкупното задоволство на инвеститорот, е основниот постулат врз кој го градиме просперитетот, трајноста и успехот на Нашата фирма.

· Цел на ДГУ Пелистер – Битола, е на сите локации каде што изведува градежни работи, да не влијае врз животната средина.

· Постојано мерење на квалитетот на нашите услуги и мерења на влијанијата врз животната средина и работна средина.

· Спречување на повреди при работа создавајќи безбедна работна средина, безбедни работни места и безбедна опрема за сите вработени;

· Комуникација со заинтересирани страни за заштита на животната средина и безбедноста и здравјето при работа.

· Подигање на свесноста на вработените и општествената одговорност – заложба против поткуп, против ропство, трговија со луѓе, против корупција

ПЕЛИСТЕР – ГРАДИ ЗА ИДНИНАТА

ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СТЕ?

СЛОБОДНО СТАПЕТЕ

ВО КОНТАКТ СО НАС!

ЗА НАС

ГП Пелистер е компанија изградена врз доверба, искуство и посветеност. Работиме на различни типови градежни проекти, со јасна цел – да испорачаме стабилни, функционални и долготрајни решенија.

Адреса:

Добривое Радосављевиќ бр.3 7000 Битола Македонија

Антон Попов бр. 5
1000 Скопје Македонија

Телефон:

071 207 000

047 232 222

Е-маил:
bojan@gppelister.com.mk

ПОБАРАЈ ПОНУДА

    Сите права се задржани – Гп пелистер